Сертификати за квалитет
Сите производи кои ги нудиме се изработени од висококвалитетни материјали кои целосно ги следат европските стандарди за безбедност и квалитет. Тоа овозможува дел од производите да се користат повеќекратно, без да се наруши нивниот изглед или функционалост. Безбедноста на најмалите е наш приоритет, и токму затоа секој производ е внимателно тестиран и сертифициран за безбедна употреба.
Производите кои се изработени од хартија, а се наменети за директен контакт со храна, како хартиените чинии, чаши, и кутии за грицки се изработени од нетоксични материјали, и се без штетни состојки, што е и потврдено на прикачениот сертификат за безбедност од Агенцијата за Храна и Ветерина на Република Северна Македонија подолу.
Ќе пронајдете и сертификати за безбедност на нашите свеќи и украси за торта/колачиња.