ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Оваа политика има за цел да ве информира во врска со грижата и справувањето со вашите лични податоци, доколку изберете да ги оставите на овој сајтот на weparty.mk. Веб страната weparty.mk можете да ја посетите без внесување на било каква лични информации за себе. ПАРТИЛАБ ДОО како сопственик на веб страницата weparty.mk се грижи за вашата приватност согласно со Зaконот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 42/20 и 294/21) (во натамошниот текст: „Закон“). Во овој закон се наведени сите информации и правила кои weparty.mk ги почитува за заштита на личните податоци на своите корисници.
Што е личен податок?
Личен податок е секоја информација која што се однесува на Вас како физичко лице, на пример: име и презиме, единствен матичен број, телефонски број, податоци за локација, идентификатор преку интернет, податоци од финансиска природа како кредитна картичка за купување на одредени производи, односно личен податок е секоја информација преку која одредено физичко лице може да се идентификува директно или индиректно.
Добивање на вашите лични податоци
Веб страната weparty.mk можете да ја посетите без внесување на било каква лични информации за себе.
Во случај на интерес од ваша страна за информирање или користење на услугите кои ги нуди weparty.mk можеме да побараме одредени информации од вас со цел овозможување на потребната услуга.
Податоци кои се прибираат при креирање на нарачка:
Податоци за идентификација: име, презиме, телефонски број, е-пошта, адреса за достава.
Користење на вашите лични податоци
Вашите лични податоци ги користиме за услугите кои ги избирите, а тоа значи при купување на производите или електронско информирање за најновите понуди (доколку самите ја оставите својата меил адреса).
Тие не се користат за целите на директен маркетинг (понуди преку вибер, меил или телефонски број).
Основ за обработка на лични податоци
Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, ние за таа обработка имаме правен основ. Правниот основ за обработката на Вашите лични податоци може да биде:
- Вашата согласност – Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме со цел да Ви обезбедиме конкретна услуга, како на пример директен маркетинг,
- Исполнување на договор – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци за реализација на нарачка и плаќање за добивање на производ и услуга на сајтот на weparty.mk.
- Наши логистички или статистички потреби и почитување на законски обврски, како на пример зачување на вашите лични податоци кои сте ги оставиле комплетирајќи нарачка за сметководтвени и финансиски цели
Обврска за заштита на вашите лични податоци
ПАРТИЛАБ ДОО (weparty.mk) се обрзува да обезбеди сигурност и заштита на вашите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци.
За нас е најважно вашите лични податоци да бидат обработени со целосната грижа и според следниве начела:
- личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци (законитост, правичност и транспарентност),
- личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели (ограничување на целите),
- личните податоци се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат (минимален обем на податоци).
- личните податоци се точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги во предвид целите заради кои биле обработени (точност),
- личните податоци се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци (органичување на рокот на чување),
- личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организаицски мерки (интегритет и доверливост),
- контролорот во секое време може да демонстрира сооветна усогласеност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци (отчетност).
Кој може да ги има вашите податоци?
Вашите податоци се користат ИСКЛУЧИВО за потребите на ПАРТИЛАБ ДОО, и ние не тргуваме ниту ги продаваме вашите лични податоци.
Вашите лични податоци се користени in house зависно од потребата.
Се користат од лицата кои ги пакуваат вашите нарачки и се користат од лицата кои ги подготвуваат и испраќаат пораките во цели за директен маркетинг.
Останати трети страни кои ги користат тие податоци, а во согласност со Законот и заради неопходна потреба за спроведување на соодветни задачи се:
- Трети страни кои треба да Ви достават производ на пр. услуги за достава
- Трети страни кои ни помагаат во обезбедување на ИТ услуги, како што се даватели на платформи, услуги за хостирање, одржување и поддршка на нашите бази на податоци, како и на нашиот софтвер и апликации
- Давателите на платежни услуги како банки и платежни финансиски институции кои извршуваат услуги за нас, поврзани со реализација на нарачката и плаќањето
- Независни трети страни, електрокомуникациски оператори, компании за поштенски услуги, маркетинг партнери како и надлежни институции кои имаат законски овластувања кои може да ги користат личните податоци за свои цели.
Колку време ги чуваме вашите лични податоци?
Колку ќе ги чуваме вашите лични податоци зависи од причината и потребата. Односно колку што е потребно за извршување на побараната услуга заради која сте ги оставиле вашите лични податоци или пак заради пропишаните законски обврски.
Имено, ги чуваме вашите податоци најчесто:
- Кога сте се согласиле на директен маркетинг од наша страна, па ние ги чуваме Вашите лични податоци се додека Вие не побарате да ги избришеме Вашите лични податоци или се додека не ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг комуникација.
- Кога колачињата се поставуваат на Вашиот компјутер, тие се чуваат онолку долго колку што е потребно за да ги постигнат своите цели (на пример, за времетраење на сесија за колачиња за кошничка или колачиња за идентификација на сесија)
Повлекување на согласноста за оддавање на вашите лични податоци за директен маркетинг, можете да го побарате на следниот меил contact@weparty.mk.
Права на субјектите на личните податоци
Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права:
- Право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци
- Право на пристап до личните податоци и нивна копија
- Право на исправка и бришење на личните податоци ако се нецелосни и неточни, се обработуваат на незаконски начин и целта на нивната обработка е исполнета
- Право на ограничување на обработката на личните податоци, ако ја оспорувате нивната точност за времето кое е потребно да ја провериме нивната точност, обработката е незаконска, но се спротивставувате на нивно бришење и барате ограничување на нивната употреба, нема потреба да бидат повеќе зачувани од наша страна, но се потребни за остварување на Ваши правни барања, се спротивставувате на нивната обработка врз основа на наши легитимни интереси се додека не се потврди дека истите преовладуваат над Вашите интереси како субјект на лични податоци
- Право на приговор за обработката на личните податоци кога тие се обработуваат врз основа на наш легитимен интерес. Во секое време имате право на приговор за обработката за директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг
- Право на преносливост на податоците, односно да ги добиете Вашите лични податоци во структуиран машински читлив формат или да бидат пренесени на друга компанија, а кои се обезбедени на автоматизиран начин, врз основа на договор или Ваша согласност.
Заштита на информациите од вашата платежна картичка
Информациите кои ги внесувате при плаќање на одреден производ или услуга преку платежна картичка не се зачувуваат во дата базата на weparty.mk. Овие трансакции се процесираат преку платежниот систем за процесирње на Халк Банка која е сертифицирана од Visa и MasterCard за процесирање на трансакции.
Кога извршувате плаќање и ги внесувате своите податоци, тие поминуваат преку HTTPS безбедосниот протокол на банката пеку користење на на Secure Socket Layer (SSL) технологијата. Единствените информации кои се видливи за нас се информациите за наплата, како на пример, пристап до видот на платежната картичка, датум и време на трансакцијата, износ на трансакцијата, ограничен дел од бројот на картичката (на начин што е генерално дозволен од издавачите на платежни картички), податоци за нарачката, идентификациски број на нарачката.
Овие податоци исто така ќе бидат собрани и обработени од страна на нашите доверливи добавувачи како трети страни (ХАЛК БАНКА), во согласност со условите и правилата на нивните политики за приватност и условите за користење.
Во случај на поврат на парични средства, ПАРТИЛАБ ДОО, ќе го побара бројот од Вашата трансакциска сметка за да може да ја изврши трансакцијата, односно повратот на средства.
Право на приговор
Доколку сметате дека вашите права се повредени вие можете да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на Вашите лични податоци доколку сметате дека Ви е повредено правото на заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку следниот контакт email: info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://azlp.mk/.